„Феноменот“ Роналдо со специјална изјава: Откри во кој актуелен напаѓач се гледа себеси

ronaldo-mikro

Луис Назарио Де Лима Роналдо секогаш носи посебна доза на реакции со своите изјави во јавноста кои во последно време навистина се зачестија, особено откако направи ексклузивно интервју со легендарниот Зико кое во Бразил се пренесе во два дела.

Во првиот дел Роналдо даде интересна изјава за соиграчот од Реал Мадрид од кого бил најмногу изненаден (Хосе Марија Гути), а иако од вториот дел првично се издвои делот посветен за Нејмар и неговото заминување од Барселона, меѓу бразилските медиуми огромно внимание привлече и неговиот став посветен за новата „9-ка“ на кариоките.

Самиот Роналдо даде безброј пофалби за играта на младиот Габриел Жесус, напаѓачот на Манчестер Сити за кого вели дека е единствениот во кого се гледа себеси.

– Габриел Жесус е подготвен за да го издржи притисокот и да се справи со него. Тој е неверојатно талентирано момче, има неверојатна дисциплина и многу е посветен на играта. Многупати се гледам себеси во него и тоа навистина ми се допаѓа. Неговата желба секогаш да победува, влијанието на теренот, отворањата и движењата. Со години немавме ваква „9-ка“ во бразилската репрезентација. Адријано ја држеше таа позиција многу кратко. За неверојатниот потенцијал кој го имаше, Адријано траше многу кратко. Габриел е на правилниот пат, работите ги прави онака како што треба. Мојата агенција работи за неговиот маркетиншки лик и навистина лесно е да се продаде Жесус по комерцијален пат. Тој ќе ја има целата наша поддршка на мундијалот, неговите голови многу ќе ни требаат, – потенцира „Феноменот“.

Facebook Коментари