Поврзете се со нас

Македонија

Феникс преку ТФТ до четврта победа во првенството

Објавено

на

Новиот прволигаш Феникс ја оствари четвртата победа во македонскиот шампионат, вечерва триумфирајќи против ТФТ со резултат 90:85.

Феникс на полувреме имаше шест поени предност, но ТФТ ја одржуваше неизвесноста со подобра игра и последниот период започна со резултат 72:73 во корист на гостите.

Во финишот ТФТ имаше предност 83:84, но во завршните минути подобро се снајде тимот на Феникс, па стигна до важна победа (90:85).

Џоунс со 30 и Морган со 17 поени беа најефикасни во тимот кој стигна до победата, додека Николов и Смит со по 16 поени беа најдобри реализатори во тимот на ТФТ.

За ТФТ ова е втор пораз по ред во домашното првенство и доволно за ефект 5-3, додека Феникс досега има четири победи и четири порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни