Поврзете се со нас

Македонија

Феникс избегна од опасната зона и ја продолжи агонијата на Пелистер

Објавено

на

Кошаркарите на Феникс 2010 го продолжија добриот ритам и со четврта победа во низа избегнаа од опасниот дел на табелата, односно сега се во зона која им носи пласман во плејофот.

Скопскиот тим ова попладне лесно се справи со грогираниот Пелистер кој изгледа непрепознатливо на стартот на 2025-та година, бидејќи ова беше дури четврти пораз за битолчани во последните пет рунди.

Феникс најважната разлика ја направи во третиот период по крајно изедначеното прво полувреме, дел во кој домаќините водеа со 68:60 пред почетокот на последната четвртина.

Завршните 10 минути стартуваа возбудливо од страна на гостите, но Феникс за првпат дојде и до „плус девет“, па од овој момент се предодреди да го одбрани водството.

Домашниот тим успеа во тоа и победи со 85:77, па со својата добра форма само ја продолжи агонијата на актуелниот вицешампион.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни