Поврзете се со нас

НБА

Феникс го „деактивираше“ Кари, Лејкерс победија и без „позитивниот“ ЛеБрон

Објавено

на

Феникс го победи Голден Стејт (104:96) во дербито на западната конференција на НБА лигата и стигна до 17. победа по ред, што значи израмнување на рекордот на франшизата.

„Сонцата“ го надиграа тимот кој вообичаено е предводен од Стеф Кари, но првата ѕвезда на Голден Стејт имаше очајна шутерска вечер (4/21) и постигна само 12 поени на средбата која ќе сака брзо да ја заборави.

Феникс бил предводен од Ејтон кој реализирал 24 поени и 11 скокови, додека Пул со 28 поени бил најефикасен кај поразениот тим.

ЛеБрон Џејмс влегол во здравствениот протокол и според американските медиуми веројатно имал позитивен тест на ковид-19, поради што го пропушти дуелот со Сакраменто, но Лос Анџелес Лејкерс славеше со убедливи 117:92 на овој натпревар. Дејвис со 25 и Вестбрук со 23 поени се истакнале во редовите на победничката екипа.

Бруклин го доби локалното дерби со Њујорк (112:110), а победничкиот состав бил предводен од Харден со 34 и Дурент со 27 поени.

Бруклин – Њујорк 112:110
Торонто – Мемфис 91:98
Фeникс – Голден Стејт 104:96
Портланд – Детроит 110:92
Сакраменто – Л.А Лејкерс 92:117

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни