Фени посилен од сите проблеми: Кожув преслушан во „Јасмин“

malinkov-feni-superkup-2016

Екипата на Фени Индустри како што е познато се соочува со големи финансиски проблеми и е на работ на егзистенција, но играчите и денеска покажаа како се бранат боите на клубот и со одлична партија во салата „Јасмин“ го преслушаа составот на Кожув со 93-77.

Четата на Малинков ја градеше предноста постепено, па по три периоди дојде и до плус 19 (75-56) со што јасно кој ќе го освои целиот плен. На крајот составот од Гевгелија успеа да намали дел од разликата, но најголемите заслуги ги имаа Марковски со 28 поени, Петровски со 18 и Мајдевски со 17 кошеви.

Кај Кожув Мишковиќ дојде до 18 поени. Фени има учинок од 5 победи и три порази, Кожув е на 1 победа и 7 порази со што е последен на табелата.

Facebook Коментари