Фенербахче во голем стил се збогуваше од Антиќ: Ќе го паметиме Перо по едно нешто (Фото)

pero-antic

Црвена Звезда синоќа и официјално го потврди ангажманот, односно враќањето на Перо Антиќ во српскиот кошарски колектив, а со самото тоа беа потврдени најавите на медиумите од нашиот северен сосед за неговото заминување од Фенербахче.

Македонскиот кошаркар мина незаборавни две сезони во турскиот кошаркаски шампион и минатава сезона стигна до својата трета титула во Евролигата, а дека клубот од Истанбул има навистина позитивно мислење за сето она што го направи Македонецот потврда е испраќањето проследено со специјална порака.

– Ти благодариме Перо Антиќ! Кошаркарскиот тим Фенербахче, кој продолжува со работата за новата сезона, одлучи да ги раскрсти патишата со македонскиот играч Перо Антиќ, откако беше донесена заедичка одлука за такво нешто. Перо Антиќ, кој ја освои Евролигата, двапати Суперлигата, еднаш турскиот куп и претседателскиот куп во двете сезони, му се приклучи на Фенербахче во  2015 година и силно се бореше за жолт-синиот дрес, со што ја придоби довербата од фановите. Поради тоа, ќе го паметиме по неговите амбиции и неговите победи на теренот. Му заблагодаруваме на Перо Антиќ за неговите услуги и му посакуваме голем успех во неговата кариера, – гласи писмото на Фенербахче.


 

Facebook Коментари