Поврзете се со нас

Евролига

Фенербахче тешко настрада во Каунас, Милано успешно го реши и вториот меч во Истанбул (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Фенербахче доживеа уште еден тежок пораз во Евролигата, овојпат на гостувањето во Каунас против Жалгирис каде загуби со 37 разлика (99-62).

Домашниот тим доминираше од првата до последната четвртина, одигра ефикасно во нападот, квалитетно во одбраната за трета победа во низа во ова натпреварување. Рубит со 18 поени и 6 скокови беше најдобар поединец, а покрај него уште четворица играчи на Жалгирис беа двоцифрени и тоа Хејс (11), Милакнис (11), Гебен (11) и Григонис (12).

На спротивната страна се издвои Де Коло со 14 кошеви.

Олимпија Милано пак во рок од неколку дена успешно реши уште едно гостување во Истанбул, поточно по Фенербахче го совлада и Анадолу Ефес со 72-69. Најзаслужен за триумфот на „манекените“ беше Пантер со 18 кошеви, додека пак за Ефес не беа доволни ниту 20 кошеви на Мициќ.

На последната средба Панатинаикос ја доби Алба Берлин со 92-69.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни