Поврзете се со нас

Свет

Фенербахче сподели детали по успешната операција која ја направил Мурињо

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce_EN

Жозе Мурињо го напушти Истанбул за време на Божиќните празници, а пред да дојде на ред големиот празник, искусниот Португалец подлегна и на итен оперативен зафат.

Соопштението кое го објави Фенербахче за влошената здравствена состојба на тренерот предизвика и многу шпекулации во јавноста, па дел од медиумите дури пренесоа дека станува збор за посложена и покомплексен зафат, поради кој Мурињо можеби и нема да се врати во Турција.

Самиот Мурињо брзо го демантираше ова и порача дека всушност станува збор за еден рутински зафат, односно вадење на жолчното ќесе во неговата родна земја.

Откако операцијата минала во најдобар ред, со ново соопштение се јави и Фенербахче, а планот е Мурињо да седи на клупата уште на првиот меч во 2025-та година, оној против Хатајспор на 5-ти јануари.

– Нашиот тренер Жозе Мурињо подлегна на успешен опериративен зафат на жолчното ќесе во неговата родна земја Португалија. Нашиот тренер е во многу добро здравје и му посакуваме брзо закрепнување од операцијата, – порачаа од турскиот клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни