Поврзете се со нас

Евролига

Фенербахче се засили со досегашен кошаркар на Барселона

Објавено

на

Турски Фенербахче продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а од денеска нов член на поранешниот европски шампион е Ник Калатес.

Грчкиот интернационалец доаѓа од редовите на Барселона и потпишал двегодишен договор со турскиот клуб, пренесуваат медиумите.

Калатес е дури осмо ново име во Фенер ова лето, а меѓу останатите, во Истанбул пристигна и Немања Бјелица, кој неодамна ја освои НБА лигата со Голден Стејт.

Калатес не успеа да ја освои европската титула со Барса, па единствената во неговата кариера датира од 2011 година, кога го носеше дресот на Панатинаикос.

Пред ангажманот во Шпанија, тој имаше втор престој во ПАО, а настапуваше и за Мемфис и Локомотив Кубан, со кого во 2013 година триумфираше во Еврокупот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни