Фенербахче привлече уште еден француски репрезентативец

leo vesterman

Турскиот прволигаш Фенербахче додаде уште едно име во својот состав за наредната сезона и тоа е Лео Вестерман.

Се работи за играч кој минатата сезона ја мина во дресот на Жалгирис, а претходно играше за ЦСКА Москва, Лимож, Партизан и АСВЕЛ. Тој е второто француско засилување за Фенербахче во овој преоден рок, претходно ангажиран беше Нандо Де Коло.

Ако на ова се додека дека тука е Жофри Ловерњ тогаш повеќе од јасно е дека Французите ќе играат голема улога кај Жељко Обрадовиќ. Вестерман со клубот од Истанбул потпиша двегодишен договор.

Facebook Коментари