Фенербахче одигра нерешено против Бешикташ: Елмас доби шанса (Видео)

elmas topka

Фенербахче и Ељиф Елмас одиграа добар меч во турското дерби против Бешикташ, но на крај мораа да се задоволат само со реми.

Сепак мечот не почна лесно за тимот на Фенер. Играчите на Филип Коку први примија гол во последните минути од првиот дел, во 40.минута, додека со почетокот на вториот дел, фудбалерите на Фенер се разбудија и во 71.минута Андре Ају со удар со глава успеа да постигне гол и да израмни за конечни 1-1.

Во тимот на Фенер,во вториот дел во игра влезе и македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, но не успеа да му помогне на жолто-црвениот тим.

 

Facebook Коментари