Поврзете се со нас

Балкан

Фенербахче го потврди пристигнувањето на Мурињо во Истанбул (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо денеска пристигнува во Истанбул и официјално ќе биде промовиран како нов тренер на Фенербахче.

Турскиот прволигаш го комплетирал договорот со португалскиот тренер, па денеска најави дека Мурињо ќе биде претставен на специјална церемонија предвидена за вечерва на стадионот на Фенер.

Мурињо вчера беше стручен коментатор на „Ти-Ен-Ти“ на финалето на Лигата на шампионите во Лондон, па уште вечерта потврди дека ја прифатил понудата и планира да се соочи со голем предизвик.

Тој беше без работа од јануари, кога заработи отказ од Рома, клубот во кој работеше две и пол години. Интересно е што Фенербахче за него е прв клуб кој не доаѓа од големата европска петорка уште од 2004 година, кога Мурињо го напушти Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни