Поврзете се со нас

Евролига

Фенербахче го освои Милано, Барселона тимски го декласираше Панатинаикос (ВИДЕО)

Објавено

на

Турскиот прволигаш Фенербахче ја продолжи позитивната серија и се избори за триумф над Олимпија Милано од 70-61 во вечерашниот меч од 25. коло во Евролигата.

Клубот од Истанбул го контролираше резултатот во првото полувреме, „манекените“ се заканија во третиот период, но избраниците на Ѓорѓевиќ одново го имаа последниот збор во завршните десет минути и заслужено се изборија за четврта победа во низа или севкупно број единаесет во натпреварувачката 2021/2022.

Гудуриќ со 17 и Букер со 14 поени беа најефикасни играчи, кај поразените Бентил и Дилејни дадоа по 12 и 11 кошеви.

Барселона без никакви проблеми го доби дуелот со Панатинаикос и тоа со 26 разлика (86-60). Каталонците одиграа тимски, тренерот Јасикевичиус на сите играчи им даде минутажа, најдобра ја искористија Хејс-Дејвис кој даде 14 и Егзум кој уфрли 12 поени.

На другите две пресметки Монако се избори за победа во Белград над Црвена Звезда (91-80), Баерн Минхен пак со цврста одбрана го реши Макаби Тел Авив (70-52).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни