Фенербахче го обезбеди потписот на вториот пик на НБА драфтот од 2011 година

derrick-williams

Турскиот кошаркарски прволигаш Фенербахче остана без неколку значајни имиња, но клубот од Истанбул уште еднаш покажа како знае добро да одговори и да донесе соодветни замени.

Николо Мели и Марко Гудуриќ кои беа важни играчи во мината сезона за Фенербахче заминаа во НБА лигата, но нивното отсуство дефинитивно нема да се осети затоа што Жељко Обрадовиќ пронајде супер алтернативи за нив.

Познато е дека Нандо Де Коло и Лео Вестерман веќе потпишаа договори со Фенер, а сега тоа на добар пат е да го направи вториот пик на НБА драфтот од 2011 година, Дерик Вилијамс. Тој според „Еурохупс“ се договорил со составот од Истанбул за едногодишна соработка што значи ќе остане во Европа со оглед на тоа што минатата кампања беше дел од Баерн Минхен каде остави одличен впечаток пред се во Евролигата (13, 4 поени, 4,2 скокови).

Дерик има големо искуство, има настапувано во неколку состави од НБА лигата, а има играно и во Кина, па дефинитивно со своето знаење ќе биде од голема помош за Фенербахче.

Facebook Коментари