Поврзете се со нас

Балкан

Фенербахче добива тренер со НБА искуство

Објавено

на

Екипата на Фенербахче ќе изгледа сосема поинаку во следната натпреварувачка сезона во која дефинитивно ќе има помал буџет на располагање, па така веќе неколку играчи си заминаа, а беше завршена соработката и со тренерот Жељко Обрадовиќ.

Меѓутоа составот од Истанбул ќе има што да каже и во следната сезона и веќе според информациите почна да влече потези или поточно првиот е назначување на нов тренер. Првата желба беше Шарунас Јасикевичиус ама тој заврши во Барселона, па Фенербахче се впушти во друга акција која изгледа ќе биде успешна.

Повеќе извори, медиуми пренесуваат дека нов предводник на турскиот прволигаш ќе биде 48-годишниот Игор Кокошков. Селекторот на Србија е блиску до тригодишен договор и се очекува во најбрзо време да се комплетира зделката и секако официјално истата да биде објавена.

Кокошков долго време е во НБА лигата каде беше асистент во Клиперс, Детроит, Кливленд, Орланд, Јута, Сакраменто (се уште е), а во сезоната 2018/2019 доби шанса да го води и Феникс Санс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни