Поврзете се со нас

Шпанија

Фелипе Мело за најавеното ново трио на Барса: Ќе треба седум играчи како мене за да се сопрат!

Објавено

на

Фелипе Мело се најде во центарот на вниманието на спортската јавнот откако се најде во еден не толку позитивен контектст во книгата на Џорџо Кјелини, но ова како да го осоколи Бразилецот да биде крајно ативен на социјалните мрежи, па во изминативе неколку дена одработи неколку видео вклучувања.

Покрај тоа што жестоко му одговори на капитенот на Јуве, Фелипе Мело немаше проблем да говори и за доста пофудаблски теми, а една од нив е поврзана за играчот кој исклучително добро го следи во последно време.

– Добро го познавам Лаутаро Мартинез, гледам како игра цело време. Јас сум фанатик на Интер и ги гледам сите натпревари. Не само што е добар, туку е и голем работник. Ме потсетува на Габриел Жесус, работи многу без топка, краде топки и постигнува голови. Според мене, тој е идниот напаѓач кој ќе биде светска ѕвезда, – вели Мело во интервјуто за „Оле“.

– Лукаку немаше да биде волку добар без Лаутаро. Мартинез работи за тимот и се враќа за да ја пренесе топката. Знаев дека ќе бидат одличен двоец, – додава Бразилецот кој за крај вели дека едвај чека да го види Аргентинецот во Барселона, клуб кој сериозно се поврзува со негов ангажман.

– Навистина сакам да го видам во Барселона, едвај го чекам тоа. Веќе го имаат Суарез, не треба да се трошат зборови за него. Замислете ги Лаутаро, Меси и Суарез. Ќе требаат седум Фелипе Меловци на средината на теренот за да се сопре тој напад, – шеговите порача Фелипе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни