Поврзете се со нас

Шпанија

Фелипе Мело откри досега непозната вест: Бев на чекор до Реал Мадрид, трансферот пропадна поради..

Објавено

на

Еден од најконтроверзните фудбалери во поновата историја, Фелипе Мело откри дека бил многу блиску до трансфер во Реал Мадрид.

Сега 37 годишниот фудбалер, во 2010 година додека го носел дресот на Јувентус имал усен договор со Реал Мадрид за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, Реал Мадрид на крајот се откажал од намерата да го ангажира бразилскиот фудбалер поради еден негов непромислен старт врз Арјен Робен на натпреварот кој Бразил го играше против Холандија на Светското првенство во Јужна Африка.

– Имавме договорено се со Реал Мадрид, но  се случи тоа со Робен и се пропадна. Останав во Јувентус, а потоа заминав во Галатасарај.

– Таму станав најдобар Бразилец во турскиот фудбал и освојував многу трофеи. Можеби со Реал можев да испишам историја, но немаше да ме обожаваат како во Галатасарај, -изјави Мело.

Бразилскиот фудбалер во последно беше критикуван од фудбалерот на Јувентус, Џорџо Кјелини кој го посочи Мело како најлошиот човек во фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни