Фелипе Мело со криминален старт го „прекрши“ новото засилување на Реал, па следеше општ хаос на теренот (Видео)

melo-klizac

Палмеирас и Фламенго вчера го одиграа својот меч од 12-то коло во бразилската Серија А, но истиот наместо по двата постигнати гола (1:1), ќе се памети по еден лудачки старт и жестока тепачка по крајот на натпреварот.

Конечниот епилог од мечот остана во втор план поради општата тепачка по крајот на средбата во која црвени картони добија дури шест играчи (по тројца од двата тима), а колку всушност беше груб и непријателски овој натпревар најдобро ни опишува еден лудачки и криминален старт кој го изведе Фелипе Мело.

Жртва на истиот беше новото засилување на Реал Мадрид, суперталентираниот Винисиус, кој во дадениот случај може да биде презадоволен што не заработи некоја посериозна повреда пред пристигнувањето во шпанската престолнина и во тимот со кој сигурно ќе ги одработи летните подготовки.

Facebook Коментари