Поврзете се со нас

Италија

Фелипе Мело го прогнозираше дебито меѓу Интер и Јувентус и додаде: Кјелини дефинитивно не ми е пријател

Објавено

на

Foto:Marcelo Gonçalves/FFC

Фелипе Мело е фудбалер кој може да се пофали дека играше за два големи италијански великани како Јувентус и Интер, а и покрај тоа што првата шанса ја доби во Торино, поблизок до срце му е клубот од Милано.

Бразилецот се издвојува себеси како „интериста“ и навива за Интер во дуелите со Јувентус, па сега пред големото дерби кое се игра во недела, искусниот играч за врска типува на победа на домаќините.

– Интер е најдобар тим во Лигата и типувам на победа на тимот кој го предводи Инѕаги. Сепак, мора да се напомене дека Јувентус врши навистина големи работи со Мота како тренер.

– Тиаго е многу кратко во клубот, но веќе заврши огромни работи. Во едно дерби се може да се случи и да се закломпликува, но јас сум „интериста“ и сметам дека ќе победиме како домаќини. На Јувентус ќе му биде потребно повеќе време, но ако некако победат, после тие ќе „летаат“ на теренот, – вели Мело во интервјуто за „Газета дело Спорт“, во кое се наврати и на една „војна“ која ја водеше со Џорџо Кјелини.

Стоперот во својата автобиографија ги посочи Мело и Балители како „најлоши меѓу најлошите“, а ваквите епитети ја разбрануваа јавноста уште пред четири години.

– Кјелини беше голем професионалец, а јас бев млад кога пристигнав во Јувентус и често се карав со него. Тој ме спомена мене во неговата книга, а кажа лоши зборови во период кога имам четири деца. Дали има потреба повторно да се расправаме? Може ќе ја расчисиме ситуацијата, но тој дефинитивно никогаш нема да биде мој пријател, – додава Мело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни