Поврзете се со нас

Свет

Фелипе Луис се отвори за односот со Симеоне и Мурињо: Симеоне немаше срце, Мурињо ме предаде…

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челси, а сегашен играч на Фламенго се сети на најуспешните времиња од својата кариера кои ги помина како член на Атлетико Мадрид, а потоа кратко време и како играч на Челси.

Фелипе Луис имаше само пофални зборови за Диего Чоло Симеоне за кого кажа дека немал срце и дека не бил мек кон своите фудбалери, но дека токму таквиот пристап го направил Атлетико Мадрид од тим кој е пред испаѓање до тим кој стигна на самиот врв во Ла Лига и Европа.

– Сериозен сум, не е лесно да се игра за Симеоне. Тој нема срце. Никогаш нема да си рече себеси: „Чекај, тој е очаен мал фудбалер, не треба да му го правам тоа“. Не, ќе одлучи да ја реши ситуацијата сурово, а за тоа ќе добие победа.

– Кога го презеде тимот во 2011 година Атлетико беше на четири поени до зоната за испаѓање, а истата година стана шампион во Лига Европа. Тој го претвори Атлетико во монструозниот тим кој е познат и денес. Успехот таму има едно име: Диего Симеоне.

– 120 играчи поминаа во клубот откако тој пристигна, некои дојдоа како ѕвезди и не играа многу, а некои пристигнаа без кредибилитет и станаа вистински ѕвезди. Тоа е огромно достигнување, а тоа го постигна затоа што во ниту еден момент не трошеше време. Никогаш не кажа „Ах, денес ќе имаме забавна и опуштена тренинг сесија“.

-Бев бек кој нема самодоверба во декември, а кога тој пристигна јас во јануари следната година бев најдобриот бек во светот. Тој е единствената личност кој можеше да го извади тоа од мене, -изјави Фелипе Луис, а потоа се осврна и на односот со Жозе Мурињо.

Мурињо бил малку побрутален со Фелипе Луис и не го исполнил тоа што му го ветил, дека Бразилецот ќе биде прв избор на „Стемфорд Бриџ“.

– Кога бев на клупата на првиот натпревар тропнав на вратата на Мурињо и го прашав: „Зошто ме донесе овде? Зошто не ме остави во Атлетико?“.

– Тој ми кажа дека не се чувствува безбедно во дефанзивата со мене во тимот, додека со Аспиликуета му е многу подобро. Ми кажа дека мора да си се изборам за местото, не го очекував тоа затоа што ми кажа дека ќе бидам прв избор.

– Сепак, беше во право, не играв добор. Но за да напредуваш треба да си повеќе на теренот. Никогаш не зажалив што заминав таму затоа што тоа е еден од најголемите клубови во светот, но сите сакаат да играат. Се чувствував предадено, -заврши Фелипе Луис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни