Поврзете се со нас

Шпанија

Феликс влезе во жесток клинч со доскорешниот соиграч од Атлетико: Сакаш да се тепаш? (Видео)

Објавено

на

Жоао Феликс успеа да режира „слатка одмазда“ за доскорешните соиграчи од Атлетико Мадрид кои дадоа неколку зајадливи изјави пред дербито, а Португалецот беше во центарот на вниманието и поради постигнатиот гол, но и поради тензијата која ја имаше со Хименез.

Напаѓачот го реши големото шпанско дерби и донесе минимална победа за Барселона, но самиот начин на кој го славеше погодокот укажа на тоа дека има незараснати рани од етапата која ја имаше во Атлетико.

Феликс беше желен за докажување и успеа во намерата да ги фрустрира „душекџиите“, меѓутоа успеа да го извади од рамнотежа и најтемпераментниот играч на Атлетико.

Стоперот Хименез влезе во жолчна расправија со Жоао и ризикуваше да добие црвен картон, па ситуацијата мораше да ја смирува капитенот Коке.

Жоао Феликс: Ме удри, ме удри….

Хименез: Сакаш да се тепаш, сакаш да се тепаш?

Коке: Остави го…. смири се, гледаш дека сака да изнуди исклучување…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни