Феликс ја забележа првата асистенција во Примера, Атлетико одново победи со „минималец“ (Видео)

feliks-atleti

Атлетико Мадрид минатиот викенд со 1:0 го победи Хетафе на домашен терен, а сега продолжи со ист рецепт, славејќи на гостувањето кај градскиот ривал Леганес со минимални 0:1.

Тимот на Чоло Симеоне одново одигра тврд натпревар без многу шанси на двете страни, а откако двата тима по еднаш го погодија дирекот, како одлучувачки се покажа моментот на инспирација кој го добија Жоао Феликс, односно Витоло. Младиот Португалец ја забележа првата асистенција во Примера, додека Витоло го постигна првиот погодок во елитното друштво после долго врмее.

Атлетико на овој начин го задржа максималниот учинок со две победи на стартот на сезоната, па така „колчонеросите“ се на врвот заедно со Севилја.

Facebook Коментари