Поврзете се со нас

Германија

Фелер потврди трансфер на германски репрезентативец: Го сакаа великани, но тој го избра Дортмунд

Објавено

на

Foto:twitter.com/FrenchTeam

Руди Фелер е директор на германската фудбалската репрезентација и е составен дел од актуелното Европско првенство, но во ситуација кога домаќинот размислува за ривалот кој ќе го има во осминафиналето, пристигна и една официјална вест за реализиран трансфер од германски репрезентативец.

Фелер им сподели интересна вест на новинарите и им овозможи да пишуваат интересна ексклузива, а истата е поврзана за фудбалерот кој имаше најдобра сезона во кариерата.

Валдемар Антон засега не дебитираше на Европското првенство и трпеливо ја чека својата шанса, но во меѓувреме успеал да си договори трансфер кој дефинитивно е награда за спектакуларната сезона во Штутгарт.

– Многу великани и многу бундеслигаши го посакуваа Антон, а меѓу нив беше и мојот Баер Леверкузен. На крајот, Антон реши да премине во Борусија Дортмунд, тоа е информацијата која ја добив, – откри Руди Фелер.

Според информациите, Борусија ја добила битката со Баер Леверкузен и Ливерпул, па така 27-годишниот стопер за сума од 22 милиони евра ќе се претвори во замена за Матс Хумелс на „Сигнал Идуна парк“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни