Фелаини со „Мики Маус“ фризура ги распламна социјалните мрежи (Фото)

felaini-frizura

Маруан Фелаини е дел од составот на Жозе Мурињо кој е во комбинација за настап на вечерашниот дуел со Севилја во осминафиналето во Лигата на шампионите, но Белгиецот многу повеќе се најде во фокусот на јавноста поради интервјуто кое го даде за магазинот „Џеј Кју“, односно фотосесијата која ја направи за истиот.

Играчот за врска кој години наназад е препознатлив поради својата афро фризура одлучи да се претстави во едно навистина поинакво светло, прикажувајќи една урнебесна и екстравагантна фризура која брзо се распламна на социјалните мрежи и го доби прекарот „Мики Маус“ фризура.

Facebook Коментари