Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Феенорд се врати од 3:0 и го шокираше Гвардиола, Баерн ги продлабочи проблемите за ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити заборави да победува во последните месец дена, а тоа го покажа и на натпревар на кој водеше 3:0 до 75-та минута.

Се одеше кон тоа дека англискиот првак ќе стави крај на серијата од пет порази во низа, но наместо славје на „Итихад“, на крајот преовладуваше тага и голем шок на трибините.

Сити водеше 3:0 со двата гола на Халанд и еден на Гундоган, но погодокот на Хаџи Муса на 15 минути пред крајот разбуди мала искра надеж кај Холанѓаните. Тоа стана уште поизразено по голот на Хименез за 3:2 во 82-та, а целосен шок во Манчестер следеше по грешката на Едерсон, односно голот на Ханко за 3:3 во 89-та минута.

Пеп Гвардиола не можеше да поверува што му се случи на неговиот тим во период од 15 минути, па иако до крајот Сити се обиде да дојде до ново водство, Џек Грилиш ја погоди само стативата и натпреварот заврши 3:3.

Сити на овој начин ја продлабочи својата криза, но во уште полоша положба во Лигата на шампиони е ПСЖ, кој сега не е меѓу првите 24 екипи.

Баерн Минхен заслужено славеше во дербито со 1:0 и како клучен се покажа голот на Ким во првото полувреме, со тоа што мора да се нагласи дека домаќинот можеше да оствари и поубедлива победа по црвениот картон кој го заработи Дембеле во вториот дел.

Нови три бода запиша и Барселона која славеше над Брест со 3:0, средба на која Левандовски стигна до 100. и 101. гол во Лигата на шампиони, а на која во листата на стрелците се запиша и Олмо. Победа од 1:0 забележа и Интер над РБ Лајпциг, додека Арсенал беше убедлив на гостувањето во Лисабон и го совлада Спортинг со 1:5.

Головите од Итихад погледнете ги ТУКА

Погодокот на Баерн погледнете го ТУКА

Головите на Барса погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни