Дерби https://derbi.mk/ Нема спорт без ДЕРБИ Tue, 19 Mar 2024 08:09:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/02/derbi-logo-fav-80x80.png Дерби https://derbi.mk/ 32 32 Трагедија во Белорусија: Почина момчето на Сабаленка, фановите шокирани од тажната животна приказна на тенисерката (Фото) https://derbi.mk/tragedija-vo-belorusija-pochina-momcheto-na-sabalenka-fanovite-shokirani-od-tazhnata-zhivotna-prikazna-na-teniserkata-foto/ Tue, 19 Mar 2024 08:09:08 +0000 https://derbi.mk/?p=377797

Арина Сабаленка пред два месеци го освои Австралија Опен и ја одбрани титулата во Мелбурн, но неколку дена по лошото издание на Индијан Велс, Белорусинката доби исклучително лоша вест. Белоруските медиуми ја пренесоа веста за ненадејната смрт на нејзиното момче, кое всушност беше познат хокеарски работник и поранешен професионален хокеар. Константин Колтсов починал на 42 […]

The post Трагедија во Белорусија: Почина момчето на Сабаленка, фановите шокирани од тажната животна приказна на тенисерката (Фото) appeared first on Дерби.

]]>

Арина Сабаленка пред два месеци го освои Австралија Опен и ја одбрани титулата во Мелбурн, но неколку дена по лошото издание на Индијан Велс, Белорусинката доби исклучително лоша вест.

Белоруските медиуми ја пренесоа веста за ненадејната смрт на нејзиното момче, кое всушност беше познат хокеарски работник и поранешен професионален хокеар.

Константин Колтсов починал на 42 години од досега непознати причини и оваа вест го погоди цело хокеарско опкружување во Белорусија и пошироко, но и сферата на тенисот со оглед на врската која ја имаше со последната шампионка на Австралија Опен.

– Со голема жалост ве информираме дека почина нашиот тренер Константин Колтсов. Тој беше силна и насмеана личност, беше многу сакам и почитуван од сите играчи и навивачи, – гласи објавата на неговиот клуб Салават Јулаев.

Пред да стане тренер, Колтсов како играч беше дел од НХЛ лигата од 2002. до 2006. година, а како репрезентативец на Белорусија настапи и на две Олимпијади (2002 и 2010 година).

За жал, ова е втора животна драма за Сабаленка во краток временски интервал, бидејќи Белорусинката пред пет години остана и без својот татко Сергеј кој почина на 43 години.

The post Трагедија во Белорусија: Почина момчето на Сабаленка, фановите шокирани од тажната животна приказна на тенисерката (Фото) appeared first on Дерби.

]]>
Кансело не исклучува сензационален трансфер претстојново лето: Чувствувам празнина кога го гледам мојот клуб https://derbi.mk/kanselo-ne-iskluchuva-senzacionalen-transfer-pretstojnovo-leto-chuvstvuvam-praznina-koga-go-gledam-mojot-klub/ Tue, 19 Mar 2024 07:49:42 +0000 https://derbi.mk/?p=377794

Жоао Кансело игра како позајмен фудбалер во Барселона и голем дел од фановите се задоволни од неговите изданија, но сепак клубот не е сигурен дали ќе му продолжи долгорочен договор поради тешката финансиска состојба. Десниот бек е нависитна важен за Чави Ернандес оваа сезона и тренерот посебно го цени поради фактот што може да игра […]

The post Кансело не исклучува сензационален трансфер претстојново лето: Чувствувам празнина кога го гледам мојот клуб appeared first on Дерби.

]]>

Жоао Кансело игра како позајмен фудбалер во Барселона и голем дел од фановите се задоволни од неговите изданија, но сепак клубот не е сигурен дали ќе му продолжи долгорочен договор поради тешката финансиска состојба.

Десниот бек е нависитна важен за Чави Ернандес оваа сезона и тренерот посебно го цени поради фактот што може да игра на повеќе позиции, па иако прва цел на Жоао е да остане во Каталонија, сепак не исклучува опција за сензационален трансфер и враќање во својата Бенфика на 29 години.

– Да бидам искрен, имам огромна желба и страст да се вратам во Бенфика еден ден. Не исклучувам таква опција и во блиска иднина, имам голема желба да играм повторно за Бенфика.

– Сепак, би ми се допаѓало ако прво останам уште две или три години во Барселона, а потоа да завршам во Бенфика. Бенфика е мое семејство, ме потсетува на мојата мајка која почина. Бенфика ме навраќа на спомените со мојата мајка.

– Секојпат кога ја гледам Бенфика и не можам да и помогнам, чувствувам некоја празнина во себе. Не можам да гледам кога на мојот клуб не му оди добро на теренот, – вели Кансело кој е фудбалски продукт на „лисабонските орли“.

The post Кансело не исклучува сензационален трансфер претстојново лето: Чувствувам празнина кога го гледам мојот клуб appeared first on Дерби.

]]>
Две ѕвезди на Реал „уловени“ во отворена дебата: Халанд е подобар од Мбапе (Видео) https://derbi.mk/dve-dzvezdi-na-real-uloveni-vo-otvorena-debata-haland-e-podobar-od-mbape-video/ Tue, 19 Mar 2024 07:11:44 +0000 https://derbi.mk/?p=377792

Ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо полека влегува во завршна фаза и фудбалскиот свет полека се подготвува за новите ѕвезди, особено во ситуација кога Аргентинецот и Португалецот веќе играат фудбал далеку од Европа. Реално гледано, фудбалот е во сигурни раце со фантастични имиња и таленти како Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Џуд Белингам, Ламине Јамал, […]

The post Две ѕвезди на Реал „уловени“ во отворена дебата: Халанд е подобар од Мбапе (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо полека влегува во завршна фаза и фудбалскиот свет полека се подготвува за новите ѕвезди, особено во ситуација кога Аргентинецот и Португалецот веќе играат фудбал далеку од Европа.

Реално гледано, фудбалот е во сигурни раце со фантастични имиња и таленти како Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Џуд Белингам, Ламине Јамал, Џамал Мусиала, Винисиус Жуниор и многу други, но се чини дека веќе е создадена дебата за ривалството кое се развива меѓу Килијан и Ерлинг.

Французинот и Норвежанецот играат на завидно ниво веќе неколку сезони и покажуваат континуитет кој е предуслов за врвна кариера, а моќта на двајцата фудбалери интересно предизвикала дебата и во првиот тим на Реал.

Орелијан Чуамени и Џуд Белингам заземале различни страни во дебатата за тоа кој е подобар, пришто Чуамени го брани својот сонародник, а Џуд својот поранешен соиграч од Борусија Дортмунд.

Белингам за Халанд: Тој е неверојатно момче

Чуамени: Не ни гајле…..

Белингам: Тој е подобра од твоето момче (Мбапе)

Чуамени: Те молам, те молам……

The post Две ѕвезди на Реал „уловени“ во отворена дебата: Халанд е подобар од Мбапе (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Бруно побара промена на едно фудбалско правило по драматичната победа над Ливерпул https://derbi.mk/bruno-pobara-promena-na-edno-fudbalsko-pravilo-po-dramatichnata-pobeda-nad-liverpul/ Tue, 19 Mar 2024 07:00:53 +0000 https://derbi.mk/?p=377786

Манчестер Јунајтед ја запиша најдраматичната победа од стартот на сезоната и фановите после долго време имаа вистинска причина за славје, бидејќи нивните миленици го победија лутиот ривал Ливерпул во четвртфиналето на ФА Купот. „Ѓаволите“ двапати се враќаа од негатива и на крајот во инфаркт завршница победија со гол на Диало во 121-та минута, но за […]

The post Бруно побара промена на едно фудбалско правило по драматичната победа над Ливерпул appeared first on Дерби.

]]>

Манчестер Јунајтед ја запиша најдраматичната победа од стартот на сезоната и фановите после долго време имаа вистинска причина за славје, бидејќи нивните миленици го победија лутиот ривал Ливерпул во четвртфиналето на ФА Купот.

„Ѓаволите“ двапати се враќаа од негатива и на крајот во инфаркт завршница победија со гол на Диало во 121-та минута, но за време на прославата, младиот офанзивен фудбалер заборави дека претходно доби опомена, па поради соблекувањето на дресот заработи црвен картон.

Ова правило често знае да им донесе проблеми и на многу поискусни фудбалери, а Бруно Фернандеш како капитен на Јунајтед смета дека истото треба да се разгледа и да биде отфрлено од водечките луѓе на фудбалот.

– За жал, Диало заработи исклучување, а не мислеше ништо лошо. Тоа е импулс во моментот, тоа е радост на младо момче кое постигнува гол.

– Вакви моменти треба да се уживаат и сметам дека ова е едно од правилата кои треба да се променат. Мора да ви дозволат да се радувате за својот гол, да уживате во моментот со почит кон противникот. Сметам дека Диало го направи токму тоа, – изјави Бруно.

The post Бруно побара промена на едно фудбалско правило по драматичната победа над Ливерпул appeared first on Дерби.

]]>
Шокантни сцени: Чилеански репрезентативец доживеа мозочен удар за време на мечот против Бока (Видео) https://derbi.mk/shokantni-sceni-chileanski-reprezentativec-dozhivea-mozochen-udar-za-vreme-na-mechot-protiv-boka-video/ Tue, 19 Mar 2024 06:41:32 +0000 https://derbi.mk/?p=377782

Натпреварот меѓу Естудијантес и Бока Јуниорс не го дочека својот крај и засега не е познато кога ќе продолжи, а тоа сепак е најмалку важна вест од средбата во Аргентина. Главниот судија мораше да го прекине мечот по само 27. минути и беше јасно дека веќе никој нема да сака да игра фудбал, бидејќи фудбалер […]

The post Шокантни сцени: Чилеански репрезентативец доживеа мозочен удар за време на мечот против Бока (Видео) appeared first on Дерби.

]]>

Натпреварот меѓу Естудијантес и Бока Јуниорс не го дочека својот крај и засега не е познато кога ќе продолжи, а тоа сепак е најмалку важна вест од средбата во Аргентина.

Главниот судија мораше да го прекине мечот по само 27. минути и беше јасно дека веќе никој нема да сака да игра фудбал, бидејќи фудбалер на домашниот тим остана без свест и целосно се згрчи на теренот.

Чилеанскиот репрезентативец Хавиер Алтамирано се струполи на земјата без контакт од противнички играч и првично беше пренесено дека доживеал епилептичен напад, но всушност лекарските прегледи утврдиле дека се работи за доста посериозна состојба.

Имено, играчот за врска на Естудијантес претрпел мозочен удар и најдобра вест е што е надвор од животна опасност, а причина за тоа е и брзата лекарска реакција на медицинските лица кои биле крај теренот.

Аргентинскиот клуб излезе со соопштение и објави дека фудбалерот сега е во стабилна состојба, но испитувањата покажале дека доживеал тробоза на церебралниот венски синус.

– По направените испитувања, утврдено е дека причина за нападот е претрпената тромбоза на венскиот надолжен синус (мозокот). Тој сега е стабилен, прима соодветна терапија и чека дополнителни испитувања. Играчот ќе остане хоспитализиран и под постојана контрола од лекарите, – гласи објавата на клубот.

The post Шокантни сцени: Чилеански репрезентативец доживеа мозочен удар за време на мечот против Бока (Видео) appeared first on Дерби.

]]>
Ристовска со квалитетно издание против Краснодар https://derbi.mk/ristovska-so-kvalitetno-izdanie-protiv-krasnodar/ Tue, 19 Mar 2024 06:20:13 +0000 https://derbi.mk/?p=377777

Екипата на ЦСКА Москва од која дел е Сара Ристовска им се врати на победите во рускиот шампионат и тоа во дуелот со Кубањ Краснодар. Домашните ракометарки се прикажаа во далеку подобро светло од претходните два натпревари и запишаа триумф од 38:25 (19:13). Македонската репрезентативка Ристовска беше меѓу најдобрите на теренот со четири гола од […]

The post Ристовска со квалитетно издание против Краснодар appeared first on Дерби.

]]>

Екипата на ЦСКА Москва од која дел е Сара Ристовска им се врати на победите во рускиот шампионат и тоа во дуелот со Кубањ Краснодар.

Домашните ракометарки се прикажаа во далеку подобро светло од претходните два натпревари и запишаа триумф од 38:25 (19:13).

Македонската репрезентативка Ристовска беше меѓу најдобрите на теренот со четири гола од пет обиди.

Во следното коло ЦСКА има тешко гостување, дерби соочување со Ростов кој е лидер на табелата.

The post Ристовска со квалитетно издание против Краснодар appeared first on Дерби.

]]>
Евролига Топ 10: Рајт го уништи Лесор во грчкото дерби (ВИДЕО) https://derbi.mk/evroliga-top-10-rajt-go-unishti-lesor-vo-grchkoto-derbi-video/ Tue, 19 Mar 2024 06:07:25 +0000 https://derbi.mk/?p=377779

Оваа седмица имаме двојна програма во Евролигата, односно од денес до петок сите екипи ќе одиграат по два натпревари. Standings provided by Sofascore Пред тие предизвици ја имаме Топ 10 листата со најубавите моменти од 29 коло што секако е одлична најава за тоа што не очекува. Местото број еден е резервирано за членот на […]

The post Евролига Топ 10: Рајт го уништи Лесор во грчкото дерби (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>

Оваа седмица имаме двојна програма во Евролигата, односно од денес до петок сите екипи ќе одиграат по два натпревари.

Standings provided by Sofascore

Пред тие предизвици ја имаме Топ 10 листата со најубавите моменти од 29 коло што секако е одлична најава за тоа што не очекува.

Местото број еден е резервирано за членот на Олимпијакос, Рајт со бруталното забивање во лице на Лесор во грчкото дерби.

The post Евролига Топ 10: Рајт го уништи Лесор во грчкото дерби (ВИДЕО) appeared first on Дерби.

]]>
Реал Мадрид поднесе жалба против судијата Мунуера: Редно е да се искорени насилството (Фото) https://derbi.mk/real-madrid-podnese-zhalba-protiv-sudijata-munuera-redno-e-da-se-iskoreni-nasilstvoto-foto/ Mon, 18 Mar 2024 22:44:05 +0000 https://derbi.mk/?p=377770

Реал Мадрид како клуб излезе со соопштение и објави дека поднесува жалба против судијата Мартинез Мунуера, човекот кој беше главен арбитар на последната пресметка која ја имаа „кралевите“ во шпанската Ла Лига. Тимот на Карло Анчелоти триумфално мина низ Памплона и го освои „Ел Садар“ со 2:4, но водечките структури на Реал Мадрид се разочарани […]

The post Реал Мадрид поднесе жалба против судијата Мунуера: Редно е да се искорени насилството (Фото) appeared first on Дерби.

]]>

Реал Мадрид како клуб излезе со соопштение и објави дека поднесува жалба против судијата Мартинез Мунуера, човекот кој беше главен арбитар на последната пресметка која ја имаа „кралевите“ во шпанската Ла Лига.

Тимот на Карло Анчелоти триумфално мина низ Памплона и го освои „Ел Садар“ со 2:4, но водечките структури на Реал Мадрид се разочарани од случувањата на трибините, но и игнорантскиот однос на главниот судија.

Реал Мадрид поднесе обвинение против Мунуера и побара да биде суспендиран од дисциплинската коомисија при шпанскиот фудбал, бидејќи во својот судиски исвештај не ги вклучил ужасните расистички навреди на кои Винисиус Жуниор беше жртва во саботата.

„Винисиус умри“ сепак беше пораката која силно одекна и која предизвика посебен револт во шпанската престолнина, од каде сега пристигна жалба против арбитарот кој беше критикуван од клубот и во минатото.

– Нашиот клуб поднесе жалба до Дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација против судијата на мечот Хуан Мартинез Мунуера, за кој сметаме дека несовесно го изготви својот судиски извештај. Овој судија доброволно и намерно ги испушти навредите и понижувачките извици кои постојано беа упатени кон нашиот играч Винисиус Жуниор, и покрај тоа што беше упорно предупредуван од нашите играчи во истиот момент кога тие се случуваа.

– Покрај тоа, Реал Мадрид како клуб исто така поднесе жалба до ова федеративно тело во врска со горенаведените навреди и понижувачки извици и истата ја проследи до Државната комисија против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот. Бараме лицата да се идентификуваат и да бидат казнети.

– Реал Мадрид уште еднаш ги осудува овие насилни напади на расизам, дискриминација и омраза и бара да се преземат неопходните мерки, еднаш засекогаш, за да се искорени насилството кое го трпи нашиот играч Винисиус Жуниор, – гласи објавата на „кралевите“.

The post Реал Мадрид поднесе жалба против судијата Мунуера: Редно е да се искорени насилството (Фото) appeared first on Дерби.

]]>
Жезус му одговори на Ачерби и откри со кој расистички зборови му се обратил дефанзивецот на Интер (Фото) https://derbi.mk/zhezus-mu-odgovori-na-acherbi-i-otkri-so-koj-rasistichki-zborovi-mu-se-obratil-defanzivecot-na-inter-foto/ Mon, 18 Mar 2024 22:22:33 +0000 https://derbi.mk/?p=377765

Франческо Ачерби се најде во средина на скандал и мораше да ја напушти италијанската репрезентација, сето тоа како последица на инцидентот кој се случил на вчерашниот дерби натпревар во Серија А. Жуан Жезус обвини дека бил расистички навреден од Ачерби за време на една расправија и оваа епизода детално ќе се прегледува и истражи од […]

The post Жезус му одговори на Ачерби и откри со кој расистички зборови му се обратил дефанзивецот на Интер (Фото) appeared first on Дерби.

]]>

Франческо Ачерби се најде во средина на скандал и мораше да ја напушти италијанската репрезентација, сето тоа како последица на инцидентот кој се случил на вчерашниот дерби натпревар во Серија А.

Жуан Жезус обвини дека бил расистички навреден од Ачерби за време на една расправија и оваа епизода детално ќе се прегледува и истражи од фудбалските власти во Италија, но додека да дојде до целосна разрешница, фудбалерите додаваат дополнителен зачин на драмата.

Ачерби денеска ги демантираше обвинувањата од стоперот на Наполи и порача дека не чувствува потреба да му се извини, нешто што всушност го направил според зборовите на Бразилецот Жезус.

– Случајот беше затворен за мене вчера кога ми се извини Ачерби и воопшто не сакав да се навраќам на недоличната работа која морав да ја претрпам. Сепак, денеска прочитав дека Ачерби излегол со изјава која е целосен контраст на тоа што се случи, сосема поразлично од она што го кажа вчера на теренот, впрочем има и докази дека ми се извинува на теренот.

– Нема да застанам, мора да се бориме против расизмот. Ачерби ми се обрати со зборовите „Бегај негро, ти си само негро“. После мојот протест кај судијата, тој призна дека направил грешка и се извини. Порача дека негро е обична пцовка за него. Денеска ја промени својата верзија и тврди дека немало расистичка навреда. Немам повеќе што да додадам. Не на расизмот, – гласи пораката на Жезус.

The post Жезус му одговори на Ачерби и откри со кој расистички зборови му се обратил дефанзивецот на Интер (Фото) appeared first on Дерби.

]]>
Спалети се соочува со „модерен проблем“: Дел од моите играчи се зависни од плејстешн https://derbi.mk/spaleti-se-soochuva-so-moderen-problem-del-od-moite-igrachi-se-zavisni-od-plejsteshn/ Mon, 18 Mar 2024 21:57:45 +0000 https://derbi.mk/?p=377762

Лучијано Спалети на денешниот прес говореше за немилата расистичка ситуација која ја потресе италијанската репрезентација, но предводниот на „аѕурите“ ја најавил и мини-турнејата во Америка на која италијанските фудбалери ќе се подготвуваат за Европското првенство. Двата тест натпревари против Еквадор и Венецуела ќе му дадат добри одговори на Спалети за тоа во каква форма се […]

The post Спалети се соочува со „модерен проблем“: Дел од моите играчи се зависни од плејстешн appeared first on Дерби.

]]>

Лучијано Спалети на денешниот прес говореше за немилата расистичка ситуација која ја потресе италијанската репрезентација, но предводниот на „аѕурите“ ја најавил и мини-турнејата во Америка на која италијанските фудбалери ќе се подготвуваат за Европското првенство.

Двата тест натпревари против Еквадор и Венецуела ќе му дадат добри одговори на Спалети за тоа во каква форма се дел од фудбалерите, за кои тој смета дека треба да учат од легенди како што се Фабио Канаваро и Џорџо Кјелини.

– Одиме во Америка и таму ќе сретнеме добро познати лица. Мило ми е што во САД ќе бидат и Фабио Канаваро и Џорџо Кјелини, нивниот професионализам е нешто што треба да го учат дел од моите фудбалери.

– Има некои играчи кои доаѓаат на собирите и кои по цела вечер играа плејстејшн. Наместо да спијат, тие цела вечер играат плејстејшн, зависни се од конзолата за видео игри.

– Некои го правеа тоа и вечерта пред мечот со Украина кој одлучуваше за нашиот пласман на Европско првенство. Да се биде репрезентативец значи да бидете одговорен 24 часа, 2 часа на теренот, но и 22 часа после тоа. Не ми е важно што прават во слободно време, но во одредено време мора да се во кревет. На Европското првенство ќе имаме заеднички простор за дружење и таму ќе има игрици, но половина час после полноќ, сите ќе мора да бидат во кревет, – најавува Спалети.

The post Спалети се соочува со „модерен проблем“: Дел од моите играчи се зависни од плејстешн appeared first on Дерби.

]]>