Поврзете се со нас

Шах

Федосеев крунисан како европски шампион во Скопје, мега резултат на Дејан Стојановски!

Објавено

на

Photo credit: Aleksandar Tabakovski/ Derbi.mk
Photo credit: Aleksandar Tabakovski / Derbi.mk

Владимир Федосеев го оправда статусот на фаворит влегувајќи како највисоко рангиран играч на листата според рејтингот (2.731), па на Европското првенство во забрзан шах кое се одигра во Скопје го освои првото место со 9,5 бода од 11 партии.

Тој имаше тежок старт во првенството кое се играше два дена, а играчите во една партија имаа на располагање по 15 минути и добиваа плус 10 секунди за потег. Имено, по првиот ден и одиграни 6 партии тој имаше 5 поени поради двете ремизирани со ИМ Дејан Стојановски (2.486) од Македонија и ИМ Александр Домалчук Јонасон (2.284) од Исланд, но на вториот ден нанижа четири победи против директните конкуренти, велемајсторите Анте Шариќ, Кирил Георгиев, Јорден ван Форест и Елтај Сафарли. Откако изби на чело на табелата по 10.коло, во последната рунда имаше брзо реми со Антон Коробов, кому исто така нерешениот резултат му гарантираше второ место.

Бадур Јобава од Грузија со победа во последното коло над сонародникот Гига Купаридзе, го освои третото место, изедначувајќи се со Коробов на 9 поени, но со послаб „тај-брејк“ параметар.

Photo credit: Aleksandar Tabakovski/ Derbi.mk

Photo credit: Aleksandar Tabakovski/ Derbi.mk

На делба на четврто место беа осум играчи со по 8,5 бода, додека зад нив на делба на 12 место со 8 бода беа 14 играчи. Меѓу нив и македонскиот шахист, Интернационалниот мајстор Дејан Стојановски (2.486), кој остана непоразен во сите дуели, односно имаше пет победи и шест реми. Освен со победникот Федосеев, ИМ Дејан Стојановски и во последното коло ремизираше со Јорден ван Форест, кој беше петторангиран играч (2.651).

Следен најдобро пласиран Македонец е ИМ Филип Панчевски (2.396) кој со 7 бода е на делба е во групата од 48 ди 84 место. Во истата група (со освоени 7 бода) е и ВМ Драган Јаќимовиќ, кој е трет во конкуренција на играчи до 60 години, а воедно е најдобар Македонец во таа „категорија на ветерани“.

Никола Радоњанин од младинската школа на ШК Алкалоид, беше најдобар играч до 14 години, а куриозитет е тоа што токму ИМ Дејан Стојановски е негов тренер.

 

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни