Федерер за односот со Ѓоковиќ: Ние со години сме жестоки ривали, но Лејвер купот донесе…

federer-novak

Еден од најголемите тенисери на сите времиња, Рожер Федерер проговори за својот однос со Новак Ѓоковиќ со кого долго време се ривали на големата сцена.

Нивното ривалство е едно од најголемите во историјата на овој спорт, во одредени моменти нивниот однос и не беше најдобар, но според Федерер сега се е во ред со нив и дека уживал на Лејвер Купот заедно со српскиот рекет.

-Уживав во времето поминато со Новак. Претходно кажав дека ние имавме жестоко ривалство низ годините. Секогаш сметав оти сме во добри односи, да се почитуваме на теренот и надвор од него. Ама да бидам во можност да го бодрам како и он мене, да зборуваме за тактиката, за нашиот тим, да разговараме за тоа кој треба да игра и да видите каков лидер може да биде Новак, тоа беше прилично освежувачки за мене. Се надевам ќе играме уште доста пати, -рече Рожер.

Да потсетиме, Лејвер Купот оваа година се одржа во Чикаго, а Новак и Рожер беа дел од тимот на Европа кој славеше против тимот на светот.

Facebook Коментари