Поврзете се со нас

АТП

Федерер за Надал: Јас сум негов голем фан, верувам…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Рафаел Надал долги години беше фаворит број еден на Ролан Гарос, турнир на кој едноставно беше непобедлив, но сега ситуацијата е поинаква и лесно може да се случи да биде елиминиран веќе во првото коло со оглед на тоа што за ривал ќе го има Александер Зверев.

Останува да се види колку Надал ќе може да се носи со помладиот колега, поточно дали дали е фит, подготвен како што тој посакува за да го даде најдоброто од себе во овој момент. Шпанецот дефинитивно ќе ја има поддршката од публиката во Париз, а негов фан, навивач ќе биде и неговиот најголем ривал, но и пријател Рожер Федерер.

-Може ли Рафа да одигра добро на Ролан Гарос? Мислам дека може. Слободен ден меѓу натпреварите е токму она што му треба во моментов. Има и потенцијални пет сета на секој меч и тоа е друго прашање на кое нема одговор. Ама тој секогаш имаше предност пред сите на Ролан Гарос и се уште мислам дека може да одигра добар турнир. Не би сакал да вршам притисок врз него, иако мислам дека може да се справи со тоа. Не е проблем неговиот стил на игра, тоа не се доведува во прашање, но оддалеку имам впечаток дека негов најголем проблем е опоравувањето, -истакнува Федерер кој направи споредба со него и ситуацијата на Надал.

-Знам како се чувствував на крајот, но можеби мојот прекин во кариерата (поради проблеми со коленото) беше поинаков. Можам да видам дека тој навистина, навистина сака тоа да биде на теренот. Ако каже „збогум“, тоа ќе го направи на теренот, а не на каучот, а тоа ми се допаѓа бидејќи е далеку од врвна форма. Тоа е навистина голема професионална одлука што ја донел, начинот на кој сака тоа да го направи.

-Не знам ништо, но би сакал тој да ја заврши кариерата кога тоа ќе го замисли со своето семејство и неговиот тим. Би сакал да игра подолго од она што многумина му го предвидуваат. Слушнав многу работи: тоа тој би можел да ја заврши кариерата веднаш на Ролан Гарос или по Олимпијадата, но и дека може ќе игра следната година за што навистина се надевам дека сум голем фан на Рафа, -порача Швајцарецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни