Федерер за Кирјос: Што направи, го повреди столот? Не треба да…

kirjos-federer

Еден од најголемите тенисери на сите времиња, Рожер Федерер даде коментар, односно го искажа својот став за Ник Кирјос и неговото однесување на Мастерсот во Рим.

Кирјос имаше „шоу“ во италијанската престолнина, „шоу“ за кое според многумина треба да заработи суспензија од АТП, но со ова не се согласува освојувачот на 20 грен слем титули кој смета дека е доволна казната за Ник од 20.000 евра (неспортско однесување), одземањето на 45 поени и на паричната награда од турнирот.

-Мислам дека не треба да биде суспендиран. Го напушти теренот. Што направи? Го повреди столот? Тоа за мене не е доволно. Не знам дали е на условна по она што се случи во Шангај-ако е така тогаш треба да се провери. Ако не е така, мислам декане треба да биде суспендиран, -истакна Федерер.

Facebook Коментари