Поврзете се со нас

АТП

Федерер за Ѓоковиќ: Не покажав почит каква што заслужи, а потоа се претвори во чудовиште!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Рожер Федерер го презентираше својот документарец во соработка со „Амазон Прајм“ во текот на вчерашниот ден, а иако промотивно ќе се емитува на 20-ти јуни, веќе почнаа да излегуваат интересни детали од подготвениот материјал.

Тенискиот маестро од Базел долго важеше за најдобар играч на сите времиња и изгледаше недостижно за своите ривали, но сепак Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ успеаја да го надминат неговиот грен слем рекорд, со тоа што Србинот урна уште неколку рекорди кои изгледаа неверојатно.

Кариерата на Федерер беше одбележана од големото пријателство со Рафаел Надал, а бидејќи и самиот знае дека истото не важеше и со Новак Ѓоковиќ, сега се обиде да ја погледне ситуацијата од друг агол.

Рожер признава дека направил грешка и дека не го почитувал Србинот онолку колку што заслужувал на почетокот на неговата кариера, а во обраќањето во документарецот потенцира дека сето тоа направило Ноле да прерасне во вистинско тениско чудовиште.

– Првпат игравме во Монте Карло и си заминав со победа од теренот. Исто така, си заминав со помисла дека е „само добар“. Уште тогаш постоеше врева околу неговото име, но јас не бев убеден од неговата игра. Мислев дека има многу силен форхенд, но неговиот бекхенд не беше флуиден какошто е денес. Поради тие технички мани, не покажав почитување какво што заслужува. После тоа, тој ги кристализираше своите тениски елементи и стана неверојатно чудовиште од играч, – вели Федерер, кој во документарецот се обраќа и за лошиот третман кој го добиваше Србинот од неговата фан база.

– Во очите на моите и фановите на Рафа, тој беше уништувачот на забавата. Имаше многу љубов кон мене и Рафа, па фановите сметаа дека не им е потребен трет човек. Моите фанови сметаа дека лесно се справувам на теренот, но потоа дојде Новак со неверојатна личност и неверојатна глад да победи по секоја цена. Мислам дека тој однос со навивачите беше клуч за него. Се уште сметам дека тој не е доволно добро сфатен од јавноста. Кога ќе ја тргнеме неговата игра настрана, треба да препознаеме вредности. Знам дека е многу грижлив и поврзан за своето семејство, – додава Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни