Федерер за еден час до осминафиналето на Индијан Велс

Federer-Iw1

Првиот носител Рожер Федерер остана точно еден час на теренот, што беше доволно да го совлада Филип Крајиновиќ (6:1/6:2) и да се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс.

Швајцарецот започна со брејк на првиот сервис на Крајиновиќ, но противникот возврати и израмни на 2:2. Сепак, оттука започна серијата на фаворитот, кој до крајот на првиот сет не загуби гејм, а поубедлив беше во вториот сет кој го доби со 6:1.

Следен противник на Федерер е Французинот Жереми Шарди.

Facebook Коментари