Федерер успешно го положи првиот испит на тревна подлога

fed-hale

Рожер Федерер играше во полуфиналето на Ролан Гарос во кое немаше никакво решение за Рафаел Надал, а десетина дена по овој пораз, швајцарскиот маестро денеска го имаше првиот испит на тревна подлога и истиот успешно го положи.

Федерер за противник имаше еден голем должник од минатата година, Австралиецот од кого претрпе шокантен пораз на последното издание на Ју-Ес опен. Швајцарецот влезе како голем фаворит во денешната пресметка, а во првиот сет во кој се играше израмнето, како одлучувачки се покажа тајбрејкот во кој Федерер издоминира со 7:1.

Со оглед на тоа што беше прв меч, Рожер не брилјираше ниту во вториот сет, но сепак направи еден брејк и истиот беше доволен за да слави со 6:3 и да се пласира во втората рунда на турнирот во Хале во која ќе има сериозен тест против Жо Филред Цонга.

Facebook Коментари