Федерер стигна до прва победа во групата на премиерниот меч во Лондон

federer-o2-udar

Рожер Федерер го стартуваше со победа своето ново учество на завршниот Мастерс турнир кој се игра во Лондон, откако ова попладне во премиерниот меч според очекувањата успеа да го скрши отпорот на американскиот тенисер, Џек Сок.

Сок пристигна со навистина голема доза на самодоверба во Лондон со оглед на тоа што го освои последниот Мастерс турнир во Париз, а дека игра на навистина високо ниво во самиот финиш од сезоната ни докажа и денеска бидејќи во одредени моменти го намачи швајцарскиот маестро.

Во првиот сет како пресуден се покажа првиот гејм во кој Федерер направи брејк кој се покажа како доволен за предност од 6:4, додека во вториот и покрај големиот број на брејк-топки, истиот отиде во тајбрејк завршница. Федерер како и безброј пати во кариерата, покажа повеќе нерви во 13-от гејм и победи со 7:4, па така стигна и до првата победа во Борис Бекер групата во која уште се наоѓаат и Марин Чилиќ и Александер Зверев кој вечерва ќе имаат меѓусебна пресметка.

Facebook Коментари