Федерер соопшти уште една важна вест за 2020. година

federer-sanghai

Рожер Федерер оваа сезона се појави и играше на Ролан Гарос по пауза од четири години, а големите тениски фанови од Франција сега добија позитивна вест, бидејќи швајцарскиот маестро потврди дека ќе го гледаме на Френч Опен и во 2020-та година.

Федерер во изминативе неколку дена е преокупиран со распоредот за наредната сезона, па откако најави дека ќе игра на Олимписките игри во Токио, сега потврди и дека ќе настапи и на Ролан Гарос.

– Ќе играм на Ролан Гарос и наредната година. Најверојатно нема да играм на многу турнири кои се играат претходно. Ќе играм на Олимписките игри, а тоа значи дека ќе мора да одморам пред Ронал Гарос и да му се посветам на моето семејство. Во распоредот се Ролан Гарос, Хале, Вимблдон, Олимписките игри, а потоа најверојатно Синсинати  и Ју-Ес Опен. Кога сте во моја ситуација и кога сте здрав, се што сакате е да продолжите да играте додека можете, – изјави Федерер.

 

Facebook Коментари