Поврзете се со нас

АТП

Федерер со прва реакција по објавата на Ѓоковиќ која закажа тениска историја (Фото)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ вчера потврди дека ќе биде дел од тимот на Европа на претстојниот Лејвер Куп кој се игра во месец септември, натпреварување кое ќе ни донесе уникатен момент и досега невиден во тенисот.

Ѓоковиќ, Надал и Федерер со години наназад ја сочинуваат „големата тројка“, но сега за првпат ќе бидат заедно дел од еден тим и ќе работат екипно.

Тие ќе го претставуваат тимот на Европа и ќе играат против останатиот дел од светот, но интересно е што во тимот е и Енди Мари, што всушност прави состанување и соединување на „големата четворка“, тенисерите кои со години ги држеа првите четири позиции на АТП листата.

– Дрим тим (тим од соништата), – гласи објавата на Федерер откако Новак го потврди учеството на Лејвер Купот.

Оваа година, натпреварувањето ќе се одржува во 02 арената во Лондон, а мечевите ќе се играат од 23-ти до 25-ти септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни