АТП
Федерер со прв коментар за неуспешниот обид на Ѓоковиќ да стигне до историја во Њујорк
Рожер Федерер како еден од организаторите на пријателскиот „Лејвер Куп“ направи најава за она што го очекува на тениските мечеви кои ќе се одиграат во Бостон, но говореше и за својата повреда и неуспешниот обид на Новак Ѓоковиќ да израмни неверојатен рекорд на Род Лејвер.
Србинот во големото финале на Ју-Ес Опен пропушти шанса да стане првиот тенисер по Лејвер кој стигна до календарски слем во една година, бидејќи во завршниот меч во Њујорк претрпе пораз од Русинот Данил Медведев.
Ѓоковиќ остана на 20 грен слем титули колку што имаат и Рожер Федерер и Рафаел Надал, а Швајцарецот не ја исклучува можноста Новак и во иднина да дојде до таква ситуација да се бори за четврти грен слем во една година.
– Беше навистина убаво да се види како Новак се обидува да го израмни календарскиот слем на Лејвер. Мислам дека можно е тоа да се случи повторно, некој играч да ги освои сите четири грен слем турнири. Новак, Рафа и јас бевме екстремно блиску, но за да го направите тоа, потребна е и среќа, истрајност и огромна сила. Треба да се поклопат сите коцки. Тешко е, но не и невозможно. Како и да е, она што го направи Новак оваа сезона е навистина исклучително, – вели Федерер кој додава дека добро се опоравува од новата операција на коленото.
– Најлошото е зад мене, се радувам на се она што следи. Кога се опоравувате од повреда, секој нареден ден е подобар од претходниот. Ова е возбудлив период за мене, ќе биде голем предизвик да се вратам на терените. Сакам да го направам тоа што побрзо. Една од моите цели ќе биде да играм на „Лејвер Купот“ во 2022-ра година, – додаде Рожер.
-
Италијапред 20 часа
Капело ги критикуваше клучните играчи на Милан и испрати совет до управата на клубот
-
Англијапред 21 час
Роси има интересен предлог за тренер на Јунајтед: Тој е легенда и помогна да се изгради нивната култура
-
Германијапред 22 часа
Баерн преговара со искусно тренерско име: Тие ме контактираа…
-
Шпанијапред 18 часа
Чави имаше состанок со Лапорта, донесена е одлука за неговата иднина во Барселона
-
Италијапред 16 часа
Скамака даде атрактивен гол, Аталанта ќе го предизвика Јувентус во финалето на Купот (ВИДЕО)
-
АТПпред 23 часа
Надал за „завршниот танц“ во Мадрид: Ако денес се играше Ролан Гарос, немаше да излезам на теренот!
-
Англијапред 8 часа
Бесниот Ван Дајк испрати брутална порака до своите соиграчи по тешкиот пораз од Евертон
-
Италијапред 22 часа
Жиру си заминува од Милан по крајот на сезоната, позната е неговата следна дестинација