Поврзете се со нас

АТП

Федерер со критики и совети за Зверев: Титулите нема сами да дојдат…

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Александер Зверев своевремено важеше за лидерите на новата генерација, но времето оди и тој веќе има 27 години, а се уште нема освоено ниту еден грен слем трофеј.

Низ досегашната кариера има славено на завршните турнири, има освоено и златен медал на ОИ, ама кога е во прашање грен слем сцената тука е многу сиромашен со две финалиња. Рожер Федерер во својата кариера освои 20 пехари на таа сцена, па од свој агол испрати критики и совети до германскиот ас.

-Јас не сум негов тренер, па можам да зборувам отворено. Кога го гледам, гледам некој кој игра премногу пасивно. Тој е премногу одбранбен во решавачките моменти. Тој е одличен во дефанзивата, но за да победува, мора да гледа напред, многу напред. Ако го примени тоа во својата игра, може да постигне големи работи.

-Кога играш против најдобрите во светот, треба да преземеш иницијатива и да бидеш офанзивен. Не го направи тоа против Фриц. Не му недостасува многу. Тој е одличен играч, но за да освоиш рен слем трофејот треба да веруваш во твоите удари, да играш понапаѓачки. Мора со цело тело да верува, титулите нема сами да дојдат, дури ни прават порача Федерер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни