Поврзете се со нас

АТП

Федерер со говор за најболниот пораз во кариерата: Го загубив мечот во првиот поен

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Рожер Федерер ја заврши тениската кариера со 20 освоени грен слем титули и останува да важи за еден од најдобрите во историјата на овој спорт, па иако вчера стана доста популарен со извадокот од документарецот поврзан за Новак Ѓоковиќ, доста интересен е и неговиот говор од Дартмут колеџот.

Како специјален гостин на крајот од учебената година, Федерер одржа говор пред студентите кои ги завршиле своите студии на колеџот, а покрај многуте животни лекции кои се обиде да им ги пренесе на младите во публиката, Швајцарецот се обиде да го издвои и најтешкиот пораз во неговата тениска кариера.

Тенискиот маестро од Базел вели дека најтежок пораз му е оној од Рафаел Надал во финалето на Вимблдон во 2008-ма година, кога мечот беше прекинат поради дожд, за на крајот да се заврши во услови во кои едвај се гледаше топчето.

– За мене, еден од најголемите порази е оној во финалето на Вимблдон во 2008-ма година против Надал. Некои за тоа велат дека е најдобар меч на сите времиња…. Со должна почит кон Рафа, мислам дека ќе беше многу подобро ако победев јас.

– Да се загуби на Вимблдон е голема работа, бидејќи да се победи е уште поголема. Кога ќе добиете шанса да излезете на централниот терен на Вимблдон, тоа е како тениска катедрала. Кога таму ќе завршите како шампион, го чувствувате тој посебен момент, не постои ништо подобро во тенисот. Во 2008-ма година целев на шеста последователна титула, играв за историја и рекорд. Нема да ви раскажувам како течеше мечот поен по поен, за тоа би ми требале неколку часа. Имаше прекин поради дожд, потоа и малку сонце…. Рафа ги освои првите два сета, јас ги земав наредните два во тајбрејк и се дојдовме до резултат 7:7 во петтиот сет.

– Сфаќам зошто сите луѓе се фокусираат на завршницата, во последните минути беше до толку мрачно, што едвај ја гледав белата креда на тревата. Реално гледано, чувствувам дека го загубив тој меч уште во првиот поен. Погледав преку мрежата и видов момче кое пред неколку недели ме уништи на Ролан Гарос со 3:0, во тој момент си помислив дека е погладен од мене и дека конечно пронашол рецепт да ме победи на Вимблдон. Дури во третиот сет ми текна дека сум петкратен шампон и дека се игра на трева. За жал, беше предоцна, Рафа победи и тоа беше сосема заслужено. Некои порази болат повеќе од други, знаев дека веќе никогаш нема да имам шанса за шест последователни титули на Вимблдон, – порача Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни