Поврзете се со нас

АТП

Федерер со емотивна порака за Надал: Поради тебе почнав да играм и со поголем рекет…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Рожер Федерер и Рафаел Надал беа големи ривали на теренот, но останаа и големи пријатели надвор од натпреварувачкиот дел, нешто што јасно е потврдено и со пораката која денеска Швајцарецот му ја испрати на Надал пред неговиот последен настап.

Надал се подготвува за мечевите од Дејвис купот, кои ќе бидат и негово простување од професионалниот тенис, а Федерер утринава преку социјалните мрежи испрати долго и емотивно писмо наменето за шпанскиот тенисер.

– Додека се подготвуваш да „дипломираш“ во тенисот, имам неколку работи да споделам пред да станам многу емотивен. Да почнеме со очигледното: многу ме победуваше. Повеќе отколку што успеав јас да те победувам тебе.

– Ти ме предизвикуваше на начин на кој никој друг не можеше. На земја ми се чинеше дека влегувам во твојот двор и ме натера да работам понапорно отколку што некогаш мислев дека можам да за да се одржам на земја.

– Ти ме натера да ја преиспитам својата игра, дури отидов дотаму што ја сменив големината на рекетот, надевајќи се на каков било напредок. Јас не сум многу суеверна личност, но ти го однесе тој дел на следното ниво со сите тие ритуали.

– Местејќи ги твоите шишиња со вода како војници-играчки во формација, поправајќи ја косата, дотерувањето на долната облека… Сето тоа со најголем интензитет. Тајно, некако ја сакав целата таа работа, бидејќи беше толку уникатна, како што беше и ти.

– Рафа, морам да кажам: какво неверојатен период имаше. Вклучувајќи 14 титули на Ролан Гарос, тоа е историски момент! Ја направи Шпанија горда… го направи горд целиот тениски свет, – стои во дел од пораката на Федерер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни