Поврзете се со нас

АТП

Федерер си фати сеир сам на себе за неочекуваниот крај на кариерата (Фото)

Објавено

на

Рожер Федерер изминатиот викенд мина емотивни три дена во Лондон и се прости од играта која најмногу ја сака и го направи она што е денеска, но сепак и самиот смета дека крајот кој го имаше беше крајно неочекуван за фановите, но и за него.

Швајцарецот заминува во пензија како една од најголемите тениски легенди и еден од најдобрите играчи во историјата, но неколку дена по незаборавните сцени во О2 арената, не пропушти да нагласи како минале неговите завршни изданија на АТП турот.

– Сите се надеваме на крај како од бајките. Еве како мина мојата:

– Го загубив мојот последен сингл меч, го загубив мојот последен мел во двојки, загубив со мојот тим, го загубив мојот глас за време на викендот, ја загубив работата.

– И покрај тоа, моето пензионирање не можеше да биде поперфектно и пресреќен сум како мина се. Затоа, немој премногу да мислите за перфектен крај, вашиот секогаш ќе бид неверојатен на свој начин……

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни