Поврзете се со нас

АТП

Федерер се врати по долгата пауза и го победи Еванс во Доха

Објавено

на

Рожер Федерер се врати на тениските турнири по повеќе од 13 месеци и успеа да победи во дуелот со Дан Еванс,во рамките на второто коло на турнирот во Доха.

Швајцарецот се соочи со расположен противник кој игра во добра форма, а во првиот сет парираше добро и се избори за водство по тај-брејкот.

Во вториот сет Федерер го подигна нивото на играта, но дозволи еден брејк, со кој Еванс го одведе мечот во трет сет.

Во него се чекаше до седмиот гејм за прва брејк топка која не беше искористена од Еванс, а Федерер дојде до првата брејк и меч топка во десеттиот гејм. Два гејма подоцна не ја пропушти шансата по грешките на Британецот, па го доби дуелот со 7:6/6:3/7:5.

За Федерер сега следува четвртфиналето, во кое противник ќе му биде Басилашвили.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни