Федерер се врати од мртвите за 100. победа и осминафинале на Австралија Опен

federer

Еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, Рожер Федерер со доста мака успеа да ја мине третата пречка и да се пласира во осминафиналето на Австралија Опен.

Швајцарецот беше огромен фаворит на хартија против домашниот рекет Џон Милман, но тоа не беше така на теренот каде се соочи со мотивиран, жилав противник кој беше на чекор до победата затоа што во петтиот решавачки сет во тај-брејкот водеше со 8-4.

Меѓутоа тука на сцена стапи Федерер кој направи серија од 6-0 за 10-8 (4-6 7-6 (7-2) 6-4 4-6 7-6 (10-8) и 100 победа во кариерата на грен слемот во Мелбурн. Маестрото од Базел во следното коло за ривал ќе го има Мартон Фучовиќ од Унгарија.

Претходно пласман во наредната фаза обезбеди Ѓоковиќ со чистата победа над Нишиока од Јапонија, додека пак Раониќ го елиминираше Циципас (3-0), играч кој важеше за еден од фаворитите за највисок пласман.

Facebook Коментари