Поврзете се со нас

АТП

Федерер се појави во Шангај, Рубљов се смееше: Сите престанаа да го гледаат мечот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SH_RolexMasters

Рожер Федерер е подвижна реклама за тенисот и привлекува внимание на било кое место во светот, па откако неодамна го промовираше Лејвер Купот во Ванкувер, сега се појави и во Шангај.

Швајцарецот има убави спомени од тенискиот Мастерс во Кина, па вчера беше специјален гостин и го гледаше четвртфиналето кое го играше Андреј Рубљов.

Русинот славеше над Имбер со 2:0 во сетови и лесно се пласираше во полуфиналето, но во еден момент, изгледаше како и тој да има мала дистракција од случувањата на теренот.

Камерата улови како Рубљов и Федерер си разменуваат неколку зборови, а Рубљов даде интересна изјава и по крајот на мечот.

– Не дeка ми го одвлече вниманието, но сите на трибините престанаа да гледаат тенис и го гледаа само Рожер. Престанаа да гледаат тенис и почнаа да го гледаат само Федерер, – со насмевка изјави Русинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни