Федерер се отвори за болниот пораз од Ѓоковиќ и откри што му се случувало на првите тренинзи по финалето

roger-maica

Рожер Федерер ќе настапи на Мастерсот во Синсинати и ќе го одигра првиот меч по болниот пораз во големото финале на Вимблдон, меч за кој самиот најави дека ќе биде најдобро да го оттргне од своите мисли поради целиот расплет и пропуштените прилики.

Швајцарскиот маестро пропушти две меч топки во пресметката со Новак Ѓоковиќ во 16-от гејм од одлучувачкиот сет, а сега во најавата за новиот предизвик кој го чека во Синсинати, Федерер се отвори за тешките денови кои следеле по финалето кое го загуби.

– Вистината е дека беше премногу тешко да се справам со поразот на Вимблдон. Во првите часови по финалето имав позитивни вибрации, но неколку дена подоцна, постојано мислев на мечот и жалев за пропуштените шанси. На првите тренинзи, постојано имав флешбекови од финалето. Јас сум човек кој многу повеќе ги анализира поразите, секогаш најмногу се учи од нив. Тие порази прават да имам уште поголема глад за враќање на терените, само размислувам за нова шанса за титула, – порачува Федерер.

Како што е предвидено, Рожер турнирот во Синсинати ќе го започне од второто коло, а таму противник ќе му биде подобриот од пресметката Беретини-Лондеро.

Facebook Коментари