Федерер сака во стил да ја започне новата година: Знам дека можам да триумфирам во Мелбурн

federer-basel1

Рожер Федерер не успеа во голем стил со титула да ја заврши 2019 година иако му се укажа таква шанса за тоа на завршниот турнир во Лондон каде ја мина групната фаза, но во полуфиналето се лизна против Стефанос Циципас кој потоа и го подигна трофејот.

Меѓутоа тоа е завршена приказна и Швајцарецот веќе размослува за тоа што го очекува во иднина, па така сака моќно да ја отвори 2020 година и тоа со славје на првиот грен слем Австралија Опен.

-Сезоната започнува со Австралија Опен, па така напорно ќе тренирам во меѓусезоната како и сите други, ама јас знам дека можам да победам во Мелбурн, многу е важно за мене тоа да го знам. Не морам ништо повеќе да кажам. Се радувам на ЛОИ во Токио, тоа ќе биде интересно, ќе видиме како сезоната ќе се одвива, -вели Федерер и додава:

-Има многу важни турнири, ама во оваа фаза на кариерата секој турнир ми е важен. Не ми е потребен златен медал во Токио за да знам дека сум успешен. Тоа е повеќе приказна за медиумите и навивачите, а јас сум задоволен со тоа што го имам направено. Клучот во моите години да го гледам тенисот исто како што го доживував како дете, да уживам, -порача популарниот Федекс.

Facebook Коментари