Поврзете се со нас

АТП

Федерер разочаран од себе по болниот пораз на трева: Имавме што да си кажеме со Љубичиќ

Објавено

на

Рожер Федерер го напушти централниот терен во Хале со наведната глава и негативни реакции како ретко кога, бидејќи од фацијалните гримаси можеше да се заклучи дека е неизмерно разочаран од изданието во осминафиналето со кое дозволи пресврт на младиот Феликс Оже Алиасим.

Лошата игра во вториот и третиот сет кои ги загуби со 6:3 и 6:2 (првиот му припадна со 6:4) беа проследени со негово огромно одлужување на прес-конференцијата, поради што почнаа да пристигнуваат шпекулации дека планира и повлекување од Вимблдон поради лошата форма во која се наоѓа по враќањето од тешката повреда.

Сепак, ваквите најави паднаа во втор план откако искусниот Швајцарец се појави на пресот со 90-минутно задоцнување, за кое им даде и објаснување на новинарите кои брзо чекаа одговори и беа љубопитни за неговото здравје.

– Почувствував дека е потребно време за да го пребродам третиот сет. Останав навистина разочаран од тоа како го завршив мечот, нешто слично ми се случи и во Женева. Не сакав да излезам одма на прес за да не кажам нешто со жешка глава. Го искористив времето за да разговарам со Љубичиќ. Направивме анализа на моите последни мечеви и затоа излегов со задоцнување, да не кажам нешто глупаво и непотребно.

– Феликс е фантастичен млад играч и денеска беше подобар од мене, заслужено победи. Јас сум разочаран од моето издание, односот на теренот беше лош и бев разочаран од тоа. Имам потешкотии по враќањето, денеска многу брзо почувствував дека нема да биде мој ден. Бев многу негативен на теренот, а тоа обично не е така. Вакви работи се случуваат, а со Љубичиќ зборувавме дека не смее да ми се повтори ова на наредните неколку меча, тука зборувам за мојот однос на теренот. Одиме понатаму, имам поставени високи цели на Вимблдон, – изјави Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни