Федерер со прва реакција откако не доби покана од Надал на неговата свадба

Laver Cup

Рафаел Надал во саботата се заколна на вечна љубов на својата долгогодишна сопатничка Мери Перелјо и двајцата имаа прекрасна свадбена прослава во родната Шпанија, свеченост од која беа дел многу познати имиња од светот на спортот, а особено во прв план се најдоа неговите добри пријатели од тенискито свет кои потекнуваат од истата земја.

Надал ги покани тенисерите со кои има најблизок и пријателски однос, а меѓу нив не се најде ниту еден од неговите најголеми ривали Федерер, Ѓоковиќ и Мари. Иако имаше шпекулации дека Федерер ќе биде поканет поради тоа што имаат навистина одличен однос, на крајот тоа не се случи, а сега и самиот Рожер посочи дека не очекувал повик од Рафа на кого му испратил приватна порака.

– Не бев поканет на свадбата, но не ни очекував такво нешто. Имаме навистина добар однос, но на свадба ги повикуваш луѓето со кои сакаш да минеш најголем дел од своето време и од својот живот. Немам никаков проблем со тоа, јас му испратив порака и му честитав за бракот. Знаев дека нема брзо да ми одговори, бидејќи сигурно има многу попаметни работи во овој момент, а тоа е забавата. Навистина сум среќен за него и се надевам дека ќе си помине многу убаво овие денови, – изјави Федерер во родната Швајцарија.

 

Facebook Коментари