Федерер призна: Последен пат плачев по поразот од Новак Ѓоковиќ на…

roger-pres

Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер откри дека не можел да ги задржи солзите и дека плачел по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на годинешното издание на Вимблдон.

Федерер имаше големи шанси да го освои турнирот затоа што имаше две меч топки на свој сервис кои не ги искористи, па Ѓоковиќ славеше во последниот сет и ја однесе победата.

– Последен пат кога плачев? Пред два месеци на Вимблдон. На теренот и на доделувањето на пехарите се воздржував. Тогаш дојдов во соблекувалната и на првиот коментар од типот „немаше среќа“ се скршив и почнав да плачам, -изјави Федерер во интервју за италијанскиот медиум „Газета дело спорт“.

Facebook Коментари