Поврзете се со нас

АТП

Федерер потврди дека се вакцинирал: Мора да бидеме многу внимателни

Објавено

на

Рожер Федерер ги пропушти Мастерсите во Мадрид, односно актуелниот во Рим, каде се игра на земјена подлога и самиот најави дека ќе настапи на Ролан Гарос, каде ќе се обиде да постигне што подобар резултат на уште еден грен-слем во својата кариера.

Швајцарецот последниот период во медиумите најчесто е присутен поради учеството во комерцијалната кампања со која се промовира неговата земја како туристичка дестинација, а сега Федерер проговорил и за вакцинацијата за коронавирусот.

– Да, вакциниран сум, примив вакцина од Фајзер.

– Среќен сум што го направив тоа поради сите патувања кои се дел од мојот живот.

– Го направив тоа пред се поради другите, не би сакал да заразам некого, мора да бидеме многу внимателни, – изјавил Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни